Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Книжевна вечер со Мома Стефановиќ

Вечерва во Занаетчиски дом се одржа книжевна вечер со Мома Стефановиќ, автор на делото “(За) жената што ја сакаш”. Тој е писател кој се занимава со машко-женските односи, објавува размислувања, истражувања и афоризми, подеднакво интригирајќи ги и жените и мажите. Неговите дела се проследени со пофални зборови, а овојпат  намерата беше да укаже на примарната потреба на мажот да ја освои и заштити жената која е столб на секое семејство, преку комуникација со публиката. Настанот е поддржан од општина Куманово преку Програмата за културни настани за 2023 година, а организиран од страна на Хуманитарното здружение “Мајка”-Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст