Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Конкурс за сувенир на општина Куманово

Општина Куманово врз основа на Програма на Сектор за меѓународна соработка, евроинтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и  локален економски развој за 2022 година, број: 09 – 1829/22год. од 25/02/2022год. објавува:

КОНКУРС

ЗА ИЗБОР НА СУВЕНИР НА ОПШТИНА КУМАНОВО ЗА 2022 ГОДИНА

Општина Куманово врши избор за најдобар сувенир на град Куманово. Општината  на овој начин подржува идеи и автентични трудови со цел да придонесат кон креирањето на производ кој ќи ги отсликува карактеристиките на градот, во насока на зголемена промоција. На овој начин се дава подршка и мотивација за работа на дел од занаетите.

За таа цел, општина Куманово ги поканува сите заинтересирани правни и физички лица, кои ги познаваат одликите на градот и околината, со своите автентични трудови да придонесат кон креирањето на производ кој ќе го отсликува карактерот на градот, во насока на зголемена промоција.

Kритериумите за учество се следни:

  1. Сувенирот мора да ги содржи елементите на препознатливност и да ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на градот Куманово;
  2. Сувенирот мора да биде прилагоден за масовно производство и наменет за туристичка промоција на градот;
  3. Сувенирот треба да биде изработен од материјал, големина и боја според замислата на авторот. За изработка на сувенирот можат да се користат стабилни и еколошки прифатливи материјали како што се: керамика, камен, метал, дрво, стакло, глина, гипс, текстил и други;
  4. Идејната концепција, развојот и начинот на изработка на сувенирот, техничките услови за изработка и материјалот од кој е изработен треба да бидат текстуално образложени;
  5. Краен рок за доставување на трудовите е 23 ноември (среда) 2022год., до 15:00h;
  6. Наградата за “Сувенир на oпштина Куманово” е една и изнесува 100.000,00 денари без ДДВ;
  7. Наградата од 100.000,00 денари ќе биде поделена на два дела:
    • Првиот дел во износ од 30.000,00 денари ќе биде наменет за добитникот за мотивација и вложен труд;
    • Вториот дел од наградата, добитникот на наградата во меѓусебен потпишан договор со Oпштина Куманово, зависно од проценетата вредност на трудот, должен е да достави одредена количина на сувенирот на општина Куманово во износ од 70.000,00 денари;
  8. Изработениот сувенир заедно со текстуално образложение на идејната концепција, опис на материјалот од кој е изработен сувенирот и проценета вредност за еден примерок од трудот во денари без ДДВ, треба да се достави во затворен плик (кутија) на адреса: Општина Куманово, 11 Октомври бб, со назнака “Конкурс за избор на сувенир на Општина Куманово” со назнака во горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ”. Во посебен плик приложен со трудот со назнака “АВТОР”, се доставува пријава со податоците за авторот. Пријавата треба да ги содржи следните елементи: податоци за авторот-име и презиме и адреса, телефон, е-маил и потпис со кој потврдува дека трудот е негово авторско дело;
  9. За избор на “Сувенир на општина Куманово”, општина Куманово формираше Комисија која ќе одлучува врз основа на горенаведените критериуми и резултатите ќе ги објави најдоцна во рок од 15 дена од завршувањето на постапката.
  10. Трудовите кои нема да ги содржат сите елементи од конкурсот, односно се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат предмет на разгледување.
  11. Комисијата го задржува правото да не ја додели наградата на ниту еден труд, доколку заклучи дека трудовите не ги задоволуваат критериумите.
  12. Доколку на конкурсот не се пријави ниту еден кандидат, конкурсот се смета за поништен и постапката за избор на сувенир на општина Куманово ќе се повтори.

За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефон:

075 207 084 секој работен ден од 08:00 –  16:00 часот или во просториите на Општина Куманово на ул. 11-ти Октомври 7, зграда на Централна Кооперативна Банка, втор кат, канцеларија бр. 23 (Одделение за стратешко планирање, креирање на политики, следење и локален економски развој) .

Конкурсот во PDF формат можете да го превземете ТУКА

Со почит,

04/011/2022год.                          

                                    Комисија за избор на сувенир на општина Куманово

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст