Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

„На секое дете му треба семејство”

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

На 19.07.2018 година во 11:00 часот пред платото на НУЦК “Трајко Прокопиев” ќе се одржи настан „На секое дете му треба семејство“. Настанот е дел од кампањата на Министерството за труд и социјална политика, канцеларијата на УНИЦЕФ  и СОС Детско Село Македонија  која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов.

Општина Куманово ја подржува кампањата, се со една цел  да помогнеме да се мобилизира што поголем број згрижувачки семејства кои имаат љубов за давање, за децата кои се во моментот сместени во големи институции. Затоа ги повикуваме  да присуствуваат на настанот сите оние семејства што се подготвени да ги отворат своите срца и домови за децата на кои може да им треба згрижување.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст