Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Новогодишен концерт на Дарко Тодоровски

Со Новогодишен концерт на оперскиот пејач Дарко Тодоровски официјално започна новогодишната културно – уметничка програма, во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општината.
На сцената во Занаетчиски дом – Куманово на задоволство на  публиката беа интерпретирани популарни  американски новогодишни, божиќни хитови и џез класици од познати светски имиња, Френк Синатра, Елвис Присли, Дин Мартин и др.
На музичкиот настан присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово и претставници на општинската администрација.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст