Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Новогодишна атмосфера на кумановскиот плоштад

Празничниот дух кој му дава посебен сјај на декември, доби своја музичка слика на градскиот плоштад во Куманово, со вечерашниот настап на улични инструменталисти и изведувачи на Новогодишни и Божиќни песни.

Граѓаните кои поминуваа низ украсениот плоштад имаа можност да ја почувствуваат празничната магија, надополнета со пријатни музички нумери.
Културно – забавниот настан го организираше Фондацијата за култура и спорт со поддршка на Советот на Општината.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст