Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одбележана 75- годишнината од излегување на јадрото на кумановскиот партизански одред

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Сојузот на борци Куманово, денеска ја одбележа 75- годишнината од излегувањето на јадрото на кумановскиот партизански одред кој се приклучил кон борбите од НОБ. Одредот е создаден на 26 јуни 1943 година.  На местото познато како Цекова Бавча, свежо цвеќе положија борците, членовите на Сојузот на борци, претставници на Советот на Општина Куманово, членови на Здружение на армиски и полициски ветерани и децата од детската градинка „Ангел Шајче“.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст