Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одбележување на Меѓународниот ден на учителот 5-ти Октомври

По повод Денот на учителот 5-ти Октомври, Здружението на одделенските наставници ЗОН-Учител, денеска организираше работилница за ученици од прво до петто одделение под мотото “Секоја мала насмевка на учителот носи неизмерна радост во детското срце”,пригодна манифестација каде присуствуваше и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.
Активностите беа организирани во просториите на Детскиот оддел во Библиотеката “Тане Георгиевски”-Куманово, каде беше одржано и свеченото доделување на дипломи и благодарници.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст