Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Куманово доби грант од 120.000 евра

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска потпиша Меморандум за соработка со постојаниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП Луиза Винтон и претставникот на Делегацијата на ЕУ Никола Бертолини. Програмата, финансирана од Европската унија и кофинансирана од УНДП и од општините, овозможува поддршка на проекти од јавен интерес и подобрување на општинските услуги и квалитетот на живот за жителите во општините. Посебно внимание ќе се посвети на проекти за општествена вклученост, родова еднаквост,ранливи групи, човекови права и заштита на животната средина. Вкупниот износ кој е обезбеден за програмата за пет општини (Куманово, Гостивар, Ресен,Кавадарци и Струмица) е 845.000 евра или по 120.000 евра за секоја општина.

Според меморандумот секоја од општините треба да се залага за транспрентно доделување средства на организациите на граѓанското општество и да воспостави ситем на јавни повици, каде јасно ќе бидат дефинирани критериумите врз кои ќе се избираат граѓанските организации.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст