Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Куманово потпиша меморандум за соработка со Ромски интегративен центар од Оберхаузен – Германија

Општина Куманово, претставувана од Градоначалникот Максим Димитриевски потпиша меморандум за соработка со Ромски интегративен центар од Оберхаузен – Германија, претставуван од Потпретседателот на организацијата Ибиши Енох. Целта на овој меморандум за соработка е меѓусебна тесна координација, планирање и реализација на активности за поттикнување на развој на потребите на граѓаните на Куманово. Овој меморандум ќе овозможи заеднички заложби при посредување за збратимување на двете општини и воведување на општински, регионални и државни заеднички иницијативи. Дополнително се предвидува соработка во домен на размена на искуства помеѓу младите од двете општини, планирање и реализација проекти со мултиетничка инклузија, планови и стратегии за развој на економски зони и социјално претприемништво , подобра социјална инклузија на лицата со посебни потреби, како и други проекти од област на инфраструктура, економија, култура, млади и спорт.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст