Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Отворени Забавни Фудбалски Школи – Куманово 2018

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Градоначалникот Максим Димитриевски денеска на градскиот кеј ги отвори Отворените Забавни Фудбалски Школи – Куманово 2018 ( Open Fun Football ).
– На овој турнир ќе учествуваат околу 130 ученици од прво до петто одделение од Основните Училишта од Општина Куманово, предводени од наставници.

Градоначалникот Димитриевски на младите спортисти им порача:Бидете вредни, работете упорно, тренирајте, слушајте ги вашите професори, но првенствено и вашите родители, кога грешат кажете им дека грешат, а вие корегирајте се низ вашата игра и понатамошниот живот и бидете добри граѓани на нашата општина и нашата држава Република Македонија. Верувам дека по овој настан, ќе се изградат нови таленти во нашиот град кои ќе напредуваат и ќе дадат свој допринос за развој на фудбалот и спортот воопшто во државата и во целост во нашиот град. Го прогласувам овој турнир за отворен и најдобрата екипа нека победи.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст