Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Предновогодишен концерт на “Бисерчиња”

Распеаните мали таленти “Бисерчиња” ја збогатија празничната атмосфера во нашиот град со својот настап, вечерва на сцената во Занаетчиски дом – Куманово.

Со песна го дочекаа најмилиот гостин Дедо Мраз, кој беше изненадување на вечерта, на задоволство и радост на најмалите кои беа во публиката.
Концертот го организираше Фондацијата за култура и спорт – Куманово, во рамки на Новогодишната културно – уметничка програма, под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст