Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Предновогодишен концерт на учениците од УОМО “Панче Пешев” – Куманово

Денешниот концерт на учениците од УОМО “Панче Пешев” – Куманово, кој се одржа во рамки на Новогодишната културно – уметничка програма во организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово,  беше  музичка честитка за најмалите кои беа дел од многубројната публика во Занаетчиски дом – Куманово.
Малите музичари интерпретираа Новогодишни и Божиќни песни со кои ја збогатија празничната бајка.
Културно – забавниот настан е под покровителство на градоначалникот и Совет на Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст