Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Пригодни активности во чест на 8 Април – Интернационален ден на Ромите

Во организација на Ансамбл на народни ромски игри и песни “Рушит Шакир” – Куманово, вечерва во ресторанот Грација се одржа свечена манифестација во рамки на неколкудневното празнување во чест на 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

Од име на Општина Куманово честитка упати градоначалникот Димитриевски, кој ја истакна поддршката кон ромската заедница преку многубројните развојни инвестициски програми и донации за подобрување на квалитетот на живот во сите општествени сфери.
Во знак на благодарност и успешна соработка, на претставниците од Општина Куманово и Министерството за култура им беа доделени плакети и благодарници.
Низ богата културно – уметничка програма проткаена со песна и игра, препознатлива за припадниците на ромската етничка заедница, беа доделени награди и признанија за учесниците на дводневниот турнир во мал фудбал, кој се одигра во спортската сала на СОУ “Перо Наков” – Куманово.
Пригоден настап имаа и учениците од општинските основни училишта “11 Октомври”, “Браќа Миладиновци”, “Христијан Карпош” и “Вук Караџиќ”.
Празничните активности завршуваат симболично на 8 Април (сабота), со трибина на тема: “Ромите во Куманово од 2005 година до денес”, во ресторан Грација, Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст