Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Продолжуваат активностите за почист и поубав град

Денешната средба помеѓу претставниците на Здружението “Go green”(Биди зелен), службеникот за млади Мартин Крстиќ од младинскиот центар и претставниците од Општина Куманово,градоначалникот и претседателката на Советот на Општината, беше одржана со цел да продолжи и зајакне соработката за реализација на проектот “Младинските барања за зелено Куманово”.
Најголем акцент е ставен на гласот и потребите на младите во соработка со младинскиот центар за почистo и поубавo Куманово, под мотото  “Вклучете се млади,ова е град за сите нас”.
Во рамките на овој проект беа спроведени активности и во СОУ Гимназија Гоце Делчев во Куманово.

На следниот ЛИНК можете да дадете свои предлози за почистo и поубавo Куманово

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст