Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промоција на збирка “Куманово низ мозаик од зборови”

Во организација на ЈОУ Библиотека Тане Георгиевски – Куманово, се одржа промоција на поетската збирка “Куманово низ мозаик од зборови”, во салата на Занаетчиски Дом.
Низ хумористични и лирски песни собрани во оваа збирка, се отсликува животот на кумановчани, нивниот темперамент и карактерни особини својствени за оваа поднебје. Целиот приказ го надополнува изразувањето на кумановски дијалект.
Во создавање на оваа уникатно поетско дело учествувале членови од неколку литератуни друштва од нашиот град, меѓу кои ЗГ “Друштво на писатели”, ЗЖ ”Нада Михајлова”, “Обденица” и Клубот на книжевни творци “Симбиоза”.
Од име на општината пред присутните љубители на пишаниот збор се обрати раководителот на Секторот за образование, Александар Јовановиќ, кој беше заедно со претставници од Советот на Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст