Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работилница на тема “Како да им се овозможи на младите да преземат акција?”

Денеска во зградата на поранешни општествено-политички организации се одржа работилница за смислено младинско учество во Interreg IPA, на тема “Како да им се овозможи на младите да преземат акција?”. Оваа работилница е организирана од страна на Институтот за соработка и развој, во партнерство со Европската комисија DG Regio, а во соработка со Министерството за локална самоуправа и Националниот младински совет на Македонија.
Работните активности се дел од иницијативата за промоција на препораките на Младинскиот манифест, кој ги обединува корисниците на Interreg IPA од двете Програми, во кои се опфатени Македонија, Косово и Бугарија. Целта на денешниот настан беше преку отворена и конструктивна размена на искуства да се зголеми вклученоста на младите во споменатите програми.
На настанот свое обраќање имаше претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска. Работилницата ја проследија и претставници на општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст