Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба на тема “Лиценцирање на даватели на социјални услуги”

На иницијатива на членовите на Општински совет за социјална заштита
денеска се одржа работна средба на тема “Лиценцирање на даватели на
социјални услуги”. На средбата присуствуваа неколку активни здруженија,
со цел да се информираат за процесот на лиценцирање, кој се одвива во
Министерството за труд и социјална политика. Членот на ОССЗ Благица
Димитровска, која е и преставник од Здружение за промоција и развој на
инклузивно општество “Инклузива” – Куманово, како еден од двата
лиценцирани даватели на социјални услуги во Општина Куманово, изврши
детална презентација на процесот на лиценцирање, со цел да се олесни
оваа постапка. На средбата беше заклучено дека сите
здруженија/установи, кои сакаат да даваат социјални услуги, пропишани
во Законот за социјална заштита, мораат да добијат лиценца за работа од
страна на МТСП.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст