Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба – “Обезбедување на одржливост на центарот за советување за помош и поддршка на жени – жртви на семејно и родово базирано насилство во Североисточен плански регион”

Во рамки на проектот “Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство”, кој го спроведува Националниот ромски центар како дел од проектот “На патот кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во РСМ” финансиран од Фондацијата “Kvinna ll Kvina”, се одржа работна средба на тема “Обезбедување на одржливост на центарот за советување за помош и поддршка на жени жртви на семејно и родово базирано насилство во Североисточен плански регион”. Цел на оваа средба е интензивирање и преземање на конкретни мерки за воспоставување и финансирање на специјализираните услуги за жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство од страна на локалните самоуправи и унапредување на системот за заштита. На средбата учествуваа претставници од релевантни институции и граѓански организации, претставници од локални самоуправи и општински совети од Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Липково, Кратово и Ранковце. На настанот присуствуваа претседателката и членови од Советот на Општина Куманово заедно со претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст