Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Регионален форум “Градиме градови за младите во свет од 8 милијарди жители” во Сараево

Во Сараево се одржа меѓународен форум за локални заедници и млади од земјите на Источна Европа и Централна Азија под мото: “Градиме градови за младите во свет од 8 милијарди жители”, во организација на UNFPA.
На форумот присуствуваа околу 120 претставници на локални заедници и експерти од 47 општини и  13 држави од регионот.
Во име на Општина Куманово присуствуваа претседателката на Советот на општината, Ивана Ѓорѓиевска и службеникот за млади, Мартин Крстиќ, кои беа дел од националната делегација, заедно со учесници од Дебар, Валандово и невладината организација ARNO.
Акцент на панел дискусијата беше ставен на миграцијата на младите од регионот, со цел да се зајакне размената на иформации за креирање на политики за развој наменети за младите, со што би се постигнала повисока демографска отпорност на општествените заедници кои се на пониско социо – економско ниво.
Настанот е посветен на 15 ноември 2022 – ден на Планета Земја, која станува дом на 8 милијарди жители.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст