Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечена седница по повод 503 години постоење и 78 години од ослободување на Куманово

Денеска Општина Куманово одбележува 503 години постоење и 78 години од ослободувањето на градот. По тој повод во НУ  Центар за култура “Трајко Прокопиев”се одржа Свечена седница на Општината. На свеченото одбележување се обрати градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, претседателката на Совет на Општината Ивана Ѓорѓиевска и членови на Советот, како претставници на различни етнички заедници. Присутните проследија видео презентација за постигнувањата на Општината во изминатиот едногодишен период. Градоначалникот Димитриевски и претседателката на Комисија за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија Невена Величковска доделија Ноемвриска награда на истакнати поединци и правни лица. Димитриевски од свое лично име додели благодарници и плакети на поединци и правни лица, кои дале свој придонес за развивање на Куамново во различни  општествени области.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст