Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечено доделување на субвенции на претставници на старите занаети во Куманово

Денеска се одржа свечено доделување на субвенции на претставници на старите занаети во Куманово. Настанот го организира Регионалната занаетчиска комора- Куманово, со финансиска поддршка од Општина Куманово. Покрај градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, свое обраќање имаа Агрон Фазлији, претседател на Регионална занаетчиска комора и претседател на Занаетчиска комора на Македонија и Шпреса Јусуфи -амбасадор на РСМ во Р Косово. Димитриевски истакна дека Општина Куманово дава целосна поддршка за развој на сите занаети, кои се распространети во нашата земја и чии носители со својата несебична работа и посветеност вредно работат на зачувување на традицијата и вистинските вредности. Ова претставува значаен потег за поттикување на претприемачкиот дух, како и заштита на нашето културно наследство, за да се потенцира значењето на оваа субвенција од страна на Општината на регионално ниво, со цел да се постигне позитивен ефект и да биде пример и за останатите Општини.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст