Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се стремиме кон рамноправен пристап на децата со попреченост до квалитетна настава и стимулативна средина за учење

Денеска во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации се одржа регионален настан, кој е дел од проектот “Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран”. Овој проект го спроведуваат Фондација за образовни и културни иницијативи “Чекор по чекор”, во партнерство со Здружение за промоција и развој на инклузивното општество “Инклузива” и Здружение за давање на услуги на лица со попреченост “Хандимак”, преку соработка со МОН, финансиран од ЕУ. Проектот се стреми кон квалитетно и инклузивно основно образование, со цел секое дете да има еднакви можности за развој, учење и остварување на своите потенцијали.
На настанот беа потенцирани проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејства во остварување на своите права, како и предизвиците на училиштата и институциите, кои имаат за цел да обезбедат “инклузивна клима” и квалитетни услуги.
Пред присутните се обрати градоначалникот на општина Куманово Димитриевски, кој ги сподели успешните практики и активности, кои локалната самоуправа преку надлежните Сектори успешно ги спроведува на полето на инклузија. Воедно беа презентирани и досегашните постигнувања на проектот.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст