Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение: Владата го одби барањето за отпишување на долгот на ЈП Водовод – Куманово по примерот на ЈПКД Комуналец – Струмица и ЈПКР Услуга – Берово

Советот на општина Куманово донесе Заклучок за упатување на барање до Владата на РСМ да донесе одлука за обезбедување на финансиски средства на АД Водостопанство во државна сопственост за отпишување на долг од 151 милион денари на ЈП „Водовод“ – Куманово по примерот на донесената Одлука на Владата од 21.12.2021 година за отпис на долг на ЈПКД „Комуналец“ – Струмица во износ од 84 милиони денари и долг на ЈПКР „Услуга“ – Берово во износ од 6 милиони денари.

Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 13 септември 2022 година го разгледа и го одби Барањето на Советот на Општина Куманово за отпис на долгот на ЈП Водовод Куманово под бр. 09-7046/1 од 02.09.2022.

Во одговорот од Владата нема образложение зошто барањето не е прифатено.

Во прилог одговорот во целост.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст