Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба меѓу учесниците од проектот Еразмус+ и претставници од Општина Куманово

Денеска во Општина Куманово беа примени претставници на проектот Еразмус+ од програмата Go Green (Save the blue = сочувај го синилото) од претседателката на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.
Домаќин на четвртата мобилност по ред како етапа од целокупниот проект, е ДСУ РЦСОО Киро Бурназ – Куманово, а партнери се ученици и наставници од градовите Анталија и Анкара од Турција, Италија и Латвија.
Активностите кои ќе се одвиваат во временскиот период од 17-21 октомври, опфаќаат теми од екологијата со главен акцент на снаоѓање во природата и развивање на свеста за зачувување на природните богатства кај помладата генерација. Во рамките на едукацијата  ќе се организираат работилници за подигање на повисока мобилност за зачувување на водените еко системи и шумските предели.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст