Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба на градоначалникот на Општина Куманово со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје

 

На работната средба во просториите на Општина Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски разговараше со претставници на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Лука Сасо и Наташа Нанковска од Одделот за сигурност и поддршка на заедниците, кои соработуваат со  нашата Општина.
На денешниот состанок се разговараше за актуелни случувања, за постоечката политичка ситуација, работата на градоначалникот на Општината и предизвиците со кои се соочува во вториот мандат.
Беше нагласена континуираната позитивна соработка меѓу двете страни и беа изложени планови и активности за 2023 година, кои ги презема Мисијата на ОБСЕ, во интерес на граѓаните на Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст