Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба на учесниците од Еразмус+ програмата со претставници од Општина Куманово

Во рамки на Еразмус+ програмата “Зелена енергија=Зелен живот” (Green energy=green life) денеска во кружната сала во зградата на поранешните политички организации беше организирана средба со домаќинот на проектот ДСУ РЦСОО Киро Бурназ Куманово, со претставници од земјите партнери на проектот,училишта од Бугарија, Романија, Италија и Турција и раководителот  со претставници од секторот за образование од Општина Куманово.
Проектот ќе трае во временскиот перид од 10 до 14 октомври и опфаќа повеќе активности. Главни цели се развивање на свеста за штедење и користење на обновливи извори на енергија, како и едукација за нивната примена во секојдневниот живот.
Во рамките на оваа мобилност ќе се реализираат посети на општествено одговорни фирми кои користат обновливи извори на енергија како соларни панели, бојлери и слично, ќе се организираат работилници за изработка на ветерници и користење на енергија на ветерот, а секако ќе може да се посетат и некои културно-историски знаменитости од нашата околина.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст