Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба со Австриски аташе за труд, социјални врски и заштита на потрошувачи за Македонија

Ивана Ѓорѓиевска, претседателка и Невена Величковска, членка на Советот на Општината заедно со Дејан Стојановски, директор на Домот за стари лица “Зафир Сајто” – Куманово, остварија средба со Харалд Фугер, Австриски аташе за труд, социјални врски и заштита на потрошувачи за РСМ.
Работната посета е во рамки на проектот кој се спроведува во Домот за стари лица – “Зафир Сајто”, односно помош и поддршка на стари лица во домашни услови.
Овој проект се реализира со поддршка на Австриската амбасада и продолжува во наредниот период од 9 месеци.
На средбата се потенцирани приоритетите на Советот и Општината во решавање на проблемите во сфера на социјалната заштита.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст