Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ССОУ ,,Киро Бурназ” и СОУ ,,Перо Наков” го претставија проектот ,,Еразмус +”

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска пред градоначалникот Максим Димитриевски од страна на директорите на двете средни училишта од градот, беа претставени активностите од проектот Еразмус +. Со проектот се очекува да се постигнат повеќе цели: мотивирање на учениците за меѓукултурното разбирање и прифаќање, комуникациски вештини на англиски јазик,промовирање на европските вредности, кохезија меѓу европските граѓани, поголемо ИТ знаење и друго. Наставниците ќе имаат можност за размена нa добри практики и методи на учење.

Овој проект  е финансиран од Национална агенција за Европски програми и мобилност, со времетрање од три години. Се спроведува во девет институции од земји учеснички во проектот и тоа во: Македонија, Полска, Португалија, Чешка, Турција, Италија, Литванија, Романија и Германија.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст