Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Третман против глодари на територија на Општина Куманово

На 05.10.2022 г. (среда), 06.10.2022 г. (четврток) и 07.10.2022 г. (петок) на територија на Општина Куманово ќе се изврши дератизација (третман против глодари). Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа. Во случај третманот да не се изврши во предвидениот период поради неповолни временски услови, истиот ќе биде одложен за наредниот ден. Препаратот што ќе се користи спаѓа во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок. Се предупредуваат граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено, да не го допираат.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст