Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Уметничка вечер “Вдиши уметност”

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Вечерва во Занаетчиски дом се одржа уметничка вечер “Вдиши уметност”, организирана од Здружение на граѓани “Биди своја”, со поддршка на Општина Куманово. Присутните проследија музички концерт на кумановски млади музичари со интерпретација на македонски евергрини, како и презентација за ликовни уметници и нивните дела, кои заедно со книжевните дела, беа изложени. Целта на настанот, кој претставува спој на три уметности во едно, е да се даде поддршка на кумановските млади уметници, кои успешно творат во области на ликовна, книжевна и музичка уметност. Дел од настанот беше претседателката на Совет на Општина Куманово Ѓорѓиевска, која ја поздрави оваа иницијатива и ги охрабри нашите уметници да продолжат да работат и да создаваат, збогатувајќи ја културната традиција со нови дела, кои ќе дадат свој белег во духот на културното творештво.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст