Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Честитика на Градоначалникот Димитриевски по повод 8 Септември -Ден на независна, самостојна и суверена Македонија

Од мое лично име и од името на Општина Куманово на сите граѓани го честитам овогодишниот јубилеј – 30 години од независноста на нашата држава.
На денешниот датум – 8 Септември, Ден на независноста, одбележуваме 30 години од успешно спроведениот референдум, на кој граѓаните на Македонија се определија за независна, самостојна и суверена Македонија.
Сите заедно започнавме да го градиме патот на нашата независна и демократска држава, во која свое место зазедоа заедништвото, сплотеноста, хуманоста.
Посакувам и со сите сили ќе придонесам да продолжиме да чекориме со гордо крената глава по веќе трасираниот пат кон подобри услови за живот на сите и посветла иднина.
8 Септември е вечен симбол и плод на борбата за сувереноста на македонскиот народ и сите народи и нации на оваа балканско тло, кој мораме да продолжиме во заедништво и со разбирање да го негуваме, почитувајќи ги нашите различности и со заеднички сили да одиме напред во нови демократски процеси.
Да функционираме сплотени во мир, благосостојба и секому искрено да подадеме рака, продолжувајќи да го развиваме процесот на градење на нашата држава, бидејќи друга татковина немаме.
Нека ни е честит Денот на Независноста!
Да ја чуваме и унапредуваме наша Македонија, таа очекува од нас за идните генерации!
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст