Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Честитка на Градоначалникот Димитриевски по повод 20 септември Ден на пензионерите

Почитувани пензионери и пензионерки,

На денешниот датум 20 септември – Ден на пензионерите, на сите Вас припадници на највозрасната група на граѓани, Ви упатувам искрени желби за здравје, кое долго ќе Ве служи, живот исполнет со среќа и љубов од најблиските и мирни пензионерски денови. Вие сте наши најдобри учители и носители на животното искуство, кое несебично го пренесувате. Вие сте вградени во темелите на нашата држава и општество, со својот труд градејќи ја Македонија, пренесувајќи ги вистинските вредности и традицијата на идните генерации. Вие сте поттик за унапредување на квалитетот на секојдневното живеење. Нашите напори се насочени кон еднаква грижа за секој граѓанин, со цел да одржуваме демократски систем, во рамките на кој сите ќе бидеме слободни, сигурни, среќни и згрижени.

Со целосна почит Ви изразувам благодарност и Ви го честитам 20 септември, Денот на пензионерите!

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст