Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Честитка на градоначалникот Димитриевски по повод 11 Октомври

Честит и вековит нека е денешниот празник 11-ти Октомври, Ден на народното востание и Ден на борецот! 11-ти Октомври е значаен датум од македонската историја,симбол на македонската борба и непокор,ден кога е поставен еден од темелите на нашата државност.

Денес оддаваме признание на Карпош, Шабани, Менков, Нацева и сите борци кои со својата храброст, достоинство и сопствена жртва ни го трасираа патот кон самостојна држава, но и ни покажаа како се сака, цени и бори за сопствената држава. Денес оддаваме почит на сите учесници во НОБ, кои ни покажаа како треба да ја чуваме, вреднуваме, и како треба да ја уважуваме нашата Македонија.

Историјата на Куманово е многу позната за сите нас. Револуционерен и слободарски град, град со напредни идеи и херојски дела. Куманово отсекогаш бил градот на соживотот, на вистинските вредности, на грижата кон историјата. Куманово е темелот на македонската државност!

Наша должност е да ја чуваме и браниме слободата,гордо да чекориме напред покажувајќи го патот на генерациите што допрва доаѓаат.

Честит 11-ти Октомври!

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст