Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Четириесет и осма седница на Советот на Општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Во среда  28 октомври 2020 година, во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот. Ќе се одржи четириесет и осма седница на советот.

 

 

Дневен ред

 

  • Усвојување на записниците од Четириесет и шестата и Четириесет и седмата седница на Советот на Општина Куманово

 

  1. Годишен извештај за движење на заразни заболувања за 2019 година на подрачје на Центар за јавно здравје – Куманово;
  2. Информација за состојбата со КОВИД-19 на подрачје на Општина Куманово заклучно со 30.09.2020 година;
  3. Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2020 година;
  4. Годишен извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2019/2020 година;
  5. Годишна програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2020/2021 година;
  6. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.04.2020 – 30.06.2020 година;
  7. Предлог – Одлука за доделување на основна главнина на Јавно претпријатие „Пазаришта“ – Куманово;
  8. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2020 година;
  9. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2020 година;
  10. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2020 година;
  11. Предлог – Одлука за давање на согласност за обезбедување на средства од Буџетот на Општина Куманово, наменети за засебна сметка на проектот „Оддржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област”;
  12. Предлог – Одлука за давање на согласност за обезбедување на средства од Буџетот на Општина Куманово, наменети за засебна сметка на проектот „Зајакнување вредности на културно и природно наследство”;
  13. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на согласност за имплементација на проектот „Реконструкција на спомен соба на Спомен Костурница“;
  14. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Ранковце;
  15. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движна ствар – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово;
  16. Предлог – Деловник за работа на Партиципативно тело;
  17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 147/1, м.в. Полјана, КО Речица – Општина Куманово;
  18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 914 и к.п. 917, м.в. Вртача, КО Довезенце – Општина Куманово;
  19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1/11, м.в. Aниште, КО Доброшане вон град – Општина Куманово;
  20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 681, КО Речица – Општина Куманово;
  21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 2787/1, м.в. Поле, КО Пчиња – Општина Куманово;
  22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 548/2, м.в. Габрешка лука, КО Kучкарево – Општина Куманово;
  23. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 352/7, м.в. Шумјак, КО Речица – Општина Куманово;
  24. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 863/3, м.в. Д. Река, КО Довезенце – Општина Куманово;
  25. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 90/1, м.в. Габер, КО Брзак – Општина Куманово;
  26. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето планирано со важечки ГУП Д3 – спорт и рекреација во А1-Домување во станбени куќи за дел од УЕ Проевце, дел од УБ 23 за к.п. 24473/1 – Општина Куманово;
  27. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 679/2 и к.п. 679/3, м.в. Расје, КО Биљановце вон град – Општина Куманово;
  28. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1923/4, м.в. Река, КО Горно Коњаре – Општина Куманово;
  29. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1179/1, м.в. Село, КО Шупљи Камен – Општина Куманово;
  30. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за к.п. 1518, м.в. Костурац, КО Горно Коњаре – Општина Куманово;
  31. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2020 година;
  32. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ Куманово.
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст