Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЈАВЕН ПОВИК за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за оценка на предлог проекти поднесени на ГОи финансирани од страна на Општина Куманово

За да се обезбеди транспарентен и отворен процес на селекција на предлог проекти од граѓанските организации за доделување на грант, Општина Куманово објавува Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за оценка на предлог проекти поднесени од граѓанските организации во рамките јавниот повик кој ќе биде објавен од страна на  Општина Куманово.

Со транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации, ќе се поттикне поголема граѓанска вклученост во процесот на донесување одлуки и ќе се подобрат услугите што се обезбедуваат на локално ниво.

Претставникот на граѓанските организации во Комисијата за евалуација ќе ги има следниве должности и обврски:

  • Ќе биде набљудувач во Комисијата за евалуација без право на глас;
  • Ќе потпише изјава за доверливост и непристрасност и нема да споделува никакви информации околу процесот на евалуација;
  • Ќе биде присутен за целото времетраење на евалуацијата од почеток до крај;
  • Доколку претставникот не е во можност да присуствува, на местото на претставникот на граѓанските организации ќе дојде заменик, при што заменикот ќе ја преземе улогата на набљудувач – претставник на граѓанските организации;
  • Ќе го потпише извештајот на Комисијата за евалуација, кој ќе ги резимира наодите од евалуацијата на предлог проектите.

Кандидатот за набљудувач во Комисијата за евалуација мора да биде член и/или постојано вработено лице во граѓанска организација што е законски основана согласно со Законот за асоцијации и фондации. Кандидатот треба да има:

  • Претходно искуство и вештини за спроведување на евалуација на предлог проекти од граѓански организации. Искуство со грантови доделени од ЕУ ќе се смета за предност;
  • Искуство во подготвување и/или имплементација на проекти финансирани од јавни средства;

 

Кандидатите мора да ги достават следниве документи:

  • Писмо за искажување интерес со куса биографија – со кое ќе се искаже интерес за учество во Комисијата за евалуација како набљудувач (писмото не треба да е подолго од една страница)
  • Изјава на овластеното лице на граѓанската организација, со која се овластува кандидатот да ја претставува таа граѓанска организација во Комисијата за евалуација.

 

Претставникот на граѓанските организации ќе работи на доброволна основа / без финансиски надомест. Крајниот рок за поднесување на апликациите е седум дена од објавување на повикот.

 

Документите треба да се испратат  електронски на следнава адреса:

donka_opstinakumanovo@yahoo.com

Контакт : 076 238 944

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст