Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ОПШТИНА КУМАНОВО

 ОПШТИНА КУМАНОВО

 

Врз основа на член  74 од Статутот на Општина Куманово („Службен гласник  на Општина Куманово 07-1503/3), точка 2 од  Програма за Локален економски развој на Општина Куманово – одлука бр:09-539/7 од 28/01/2021год. и ЛОД Методологијата во процесот на распределба на финансиски средства за поддршка на проекти од Граѓански организации во Куманово, Градоначалникот на Општина Куманово  објавува:

ЈАВЕН ПОВИК ЗА  ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ОПШТИНА КУМАНОВО

За прибирање предлог проекти во рамките на приоритетни области:

  1. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
  2. СОЦИЈАЛНА КОХЕЗИЈА И НАМАЛУВАЊЕ НА СИРОМАШТИЈА
  3. ТУРИЗАМ И КУЛТУРА
  4. МЛАДИНСКИ ИНИЦИЈАТИВИ
  5. АКТИВНОСТИ И МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО КРИЗАТА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОВИД 19

Финансиските средства предвидени во Програма на Одделение за стратешко планирање, креирање политики и локален економски развој од Буџетот на Општина Куманово за 2021 година ќе се доделуваат на Здруженија и Фондации од Општина Куманово за проекти во рамките на Стратегиските развојни документи на Општина Куманово до 2021 година, соодветни на приоритетните области и цели.

 

              ПОДОБНОСТ:

 

Учеството на овој јавен повик е отворено, на еднаква основа, за сите формално регистрирани граѓански организации (асоцијации / организации или фондации) согласно со применливите закони и регулативи. Сите заинтересирани граѓански организации може да најдат детални информации за условите за пријавување и за критериумите за финансирање на проекти во Упатствата за подносителите, кои се составен дел од документацијата за јавниот повик.

 

              Вредност на проектите кои ќе се финансираат

Согласно Методологијата за транспарентна распределба на финансиските средства за проекти од граѓанските организации, усвоена од Советот на Општина Куманово, највисокит износ кој ќе се доделува за проекти е 200.000,00 денари, а најнискиот износ кој ќе се доделува за проекти е 100.000,00 денари.

Грантовите доделени во рамките на јавниот повик може да се користат за финансирање на административни трошоци и трошоци за вработениот кадар и тоа во износ до максимум 20% од побараните средства. Останатите 80% од средствата треба да се предвидат за програмските активности.

 

Општината го задржува  правото да не ги додели расположливите средства доколку предложените проектите не ги исполнуваат зададените критериуми.

Проектите може да бидат со времетраење од 4 до 6 месеци. Проектите ќе започнат со реализација најдоцна од 15/05/2021год. а да завршат во рамките на планираниот рок согласно повикот.

              ДОКУМЕНТАЦИЈА:

 

Документацијата за пријавување на јавниот повик на општина Куманово ќе биде достапна од 01/04/2021год. Сите неопходни информации и електронската верзија од целиот пакет апликација може исто така да се преземат од официјалната општинска веб страница www.kumanovo.gov.mk

Информативната сесија (отворен ден) за повикот со заинтересираните подносители граѓански организации ќе се одржи на 07/04/2021год.  on – line преку платформата ZOOM на следниот линк:

Join Zoom Meeting
https://us04web.zoom.us/j/76262272836?pwd=UzdiZzJocm9kVnNBTjhlcFQ4RVZsUT09

со почеток во 12:00час.

Прашања во врска со јавниот повик може да се поставуваат преку адресата donka_opstinakumanovo@yahoo.com, со назнака За јавниот повик. Прашањата може да се поднесуваат до 10/04/2021год. Одговорите ќе Ви бидат обезбедени електронски од истата адреса во рок од 3 дена.

              ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИИ:

Пополнетите апликации (со целосна документација) мора да се поднесат во три (3) печатени копии и една електронска верзија (на CD или USB), во запечатен плик со назнака за јавниот повик, по препорачана пошта или лично, во работни денови (понеделник-петок), од 09:00 до 15:00 часот на следната адреса:

Општина Куманово

Улица: 11-ти Октомври бб

Поштенски број: 1300 Куманово

Крајниот рок за поднесување апликации е 30/04/2021, до 15:00 часот.  Апликациите кои ќе бидат поднесени по овој краен рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенската марка стои датум и време на испраќање пред официјалниот краен рок. На предната страна на пликото Во горниот лев агол да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои: Општина Куманово ул „ 11 Октомври“ б.б. 1300 Куманово под истата назнаката „ За Јавен повик за Проекти од Програмата за ЛЕР со точно наведена приоритетна област“.

 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ ПОВРЗАНИ СО ПОВИКОТ:

ЈАВЕН ПОВИК

Анекс 1 – Предлог проект-Куманово

Анекс 2 – Преглед на буџетот_Куманово

Анекс 3 – Логичка рамка-Куманово

Анекс 4 – План на активности и видливост_Куманово

Анекс 5 – Формулар со административни податоци_Куманово

Анекс 6 – Формулар со финансиски податоци-Куманово

Анекс 7 – Изјава за подобност-Куманово

Анекс 8 – Листа за проверка-Куманово

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст