Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

18-то издание на традиционалната културна манифестација Маскенбал “Батко Ѓорѓија – Куманово 2022”

Под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, по двегодишна пауза поради пандемијата со КОВИД-19, денеска се одржа 18-тото издание на традиционалната културна манифестација Маскенбал Батко Ѓорѓија – Куманово 2022.Оваа година учествуваа околу 700 учесници од вкупно 11 општински училишта, од кои 4 средни и 7 основни училишта, како и 2 објекти на ЈОУ Детска градинка Ангел Шајче, Регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“ и општинска организација на „Црвен крст“, претставувајќи 19 групни маски.Оваа масовна манифестација ја отвори секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст