Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

27-мо издание на Меѓународен театарски фестивал “Денови на комедија”

Вечерва со свечено отворање започна 27-мото издание на Меѓународниот театарски фестивал “Денови на комедија”, во организација на НУ Центар за култура Трајко Прокопиев – Куманово, под покровителство на градоначалник и Совет на општина Куманово и Министерство за култура и туризам на РСМ.

На ова издание со свои претстави учествуваат театри од Македонија, Србија и Бугарија: Национална установа Центар за култура “Григор Прличев” – Народен театар Охрид, Драматично – куклен театар од Враца и “Иван Радоев” од Плевен (Бугарија), Позориште “Бора Станковиќ” Врање и  Народно позориште Ниш (Србија), Театар Комедија, Национална установа Тетовски театар, Национална установа Центар за култура “Ацо Шопов” Народен театар Штип, Национална установа Центар за култура “Трајко Прокопиев” (Кумановски театар и Албанска драма). Вечерва љубителите на театарската уметност имаа можност да ја проследат претставата “Вечера за глупаци” на Театар “Јордан Хаџи Константинов Џинот”- Велес.

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски го прогласи за отворен 27-миот Меѓународен театарски фестивал “Денови на комедија”, истакнувајќи дека овој традиционален театарски фестивал претставува можност да избегаме од секојдневните обврски, во еден свет кој искрено ќе не насмее и доближи до уметничкиот контекст, со цел да го прошириме погледот на свет, учејќи повеќе да ги цениме перспективите на другите.

Лауреат на овогодинешното издание на “Денови на комедија” е театарскиот и филмски актер од Куманово Сашко Коцев, кој ја понесе наградата “Васил Иљоски” за 2024 година, за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедијата.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст