Претставници на управата на МРК Куманово на средба со Димитриевски
Денеска градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски оствари средба со претставници на управата на МРК Куманово. Повод за средбата беше освоеното второ место во play out-от, кој на тимот му обезбеди директно учество во супер лигата и во наредната натпреварувачка сезона и заслужено место меѓу најдобрите. Димитриевски упати честитки за извонредните резултати на МРК Куманово постигнати во претходната сезона, потенцирајќи ја поддршката од Општината за развој и унапредување на спортските дисциплини, со цел одржување на спортската традиција преку нови и значајни спортски резултати.