Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Изложба на дела од Ликовна колонија Куманово 2023

Денес во НУ Музеј Куманово се одржа изложба на дела од Ликовна колонија Куманово 2023. Станува збор за богата ликовна сесија одржана минатата година, во која  учествуваа единаесет ликовни автори од нашата држава , како и од Србија, Романија, Босна и Херцеговина и Турција. Оваа јубилејна ликовната колонија е поддржана од Министерство за култура и туризам, Градоначалникот и советот на општина Куманово. На денешниот настан  присуствуваше и пред присутните се обрати претседателката на советот Ивана Ѓорѓиевска.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст