Со највисоки црковни почести погребан Митрополит Дебарско – кичевски господин Тимотеј
Посмртните останки на упокоениот Митрополит на Дебарско – кичевската епархија, господин Тимотеј, беа погребани денеска во јужната апсида на храмот на “Свети Пантелејмон”, на Плаошник во Охрид.
Митрополит Тимотеј раководеше со Дебарско – кичевската епархија со седиште во Охрид, од 1981 година и беше носител на одговорни функции во Македонска православна црква – МПЦ, вклучувајќи ја и функцијата администратор, секретар на Синодот и портпарол на МПЦ.
На денешната церемонија, присуствуваа претставници од Општина Куманово, кои оддадоа почит кон ликот и делото на господин Тимотеј.