Честитка на градоначалникот по повод 8 Септември, Ден на независноста на Република Македонија
Со должна почит денеска го одбележуваме 33-годишното осамостојување на независна и суверена Република Македонија, како остварување на трудот и пожртвуваноста на многу генерации. Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава, посветено чекорејќи по патот, кој води кон квалитетен животна сите нас. Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас. Смело да зачекориме по зацртаниот пат на развој и просперитет. Да бидеме лидери во борбата за економски развој и квалитетни проекти заподобар живот на граѓаните, со цел обезбедување сигурна иднина за генерациите, кои допрва доаѓаат.
Општина Куманово продолжува во намерата за остварување на предвидените цели и реална визија за развој на нашиот град, за добробит и благосостојба на граѓаните.
Нека ни е честит и вековит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!