Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Четириесет и седма седница на Советот на општина Куманово

                                          Четириесет и седма седница на Советот на општина Куманово

 На 26 ноември 2024 година (вторник), во кружната сала на зградата на поранешни општествено –   политички организации со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи четириесет и седмата седница на Совет на општина Куманово, по следниот

                                                                                               Дневен ред

  1. Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
  2. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;
  3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Статутот на ЈП „Водовод“ – Куманово;
  4. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Водовод“ – Куманово;
  5. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;
  6. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
  7. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
  8. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;
  9. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2024 година;
  10. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2024 – 30.09.2024 година;
  11. Предлог – Решение за давање на мислење на Статутот на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово;
  12. Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2024 година;
  13. Предлог – Одлука за укинување на имиња на улици со нумерација на објекти во Општина Куманово;
  14. Акциски план за одржлива енергија и клима на Општина Куманово;
  15. Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на социјалната заштита во Општина Куманово за 2024 година;
  16. Предлог – Програма за измена на Програмата за субвенционирање на здруженија и фондации од Општина Куманово за бесплатен посебен превоз за 2024 година;
  17. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 63, плански опфат помеѓу ул. „3-та МУБ“, ул. „Страшко Симонов“, ул. „Вук Караџиќ“ и ул. „Орце Николов“ – Општина Куманово;
  18. Предлог – Одлука за одобрување на склучување на анекс на договор за закуп на деловен простор;
  19. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово, согласно договорот за услуги од мобилен оператор за потребите на Општина Куманово, основните и средните училишта, јавните претпријатија и јавните установи бр. 37 – 7809/9 од 10.2024 година;
  20. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2024 година;
  21. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;
  22. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово;
  23. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на претседател на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;
  24. Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;
  25. Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Водовод” – Куманово;
  26. Предлог – Решение за разрешување на член на Управниот одбор на Јавното претпријатие „Пазаришта” – Куманово – претставник од Општина Старо Нагоричане.
Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст