Дневен центар за лица со интелектуална попреченост – Порака наша – Куманово одбележа 17 години постоење
Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, денеска го посети дневниот центар за лица со интелектуална попреченост – Порака наша Куманово, кој одбележа 17 годишно постоење. Пригодната роденденска атмосфера и дружење помеѓу корисниците на дневниот центар и посетителите од повеќе институции, беа искористени за укажување на проблемите и потребите кои се важни за одржување и опстанок на оваа невладина, граѓанско родителска организација која ги застапува правата и интересите на лицата со попреченост со возраст над 18 години.