Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Fire Shield – Завршна презентација на проектот на Центар за развој на Североисточен плански регион – Куманово

Во пригодна атмосфера пред зградата на Територијалната противпожарна единица – ТППЕ Куманово, денеска беше промовиран завршниот дел на проектот Заштита и превенција од пожари на микрорегионот на општините Куманово, Ранковце, Липково и Старо НагоричанеFire Shield”.
На промотивниот настан беа изложени противпожарна опрема, 3 специјализирани возила, униформи за шумски пожари и за отворен простор и техничка опрема за логистика на терен.
Присуствуваа претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, Министерот за локална самоуправа на РСМ, Златко Петрински, претставници од ТППЕ на Куманово и Ранковце, кои ја добија опремата, главниот координатор на проектот на државно ниво, Бисера Јакимовска и претставници од Центарот за развој на СИПР – Куманово, директорот Младен Протиќ и координаторот Владимир Павловски.
Проектот се реализираше во временски период од 2 години, со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Владата на Швајцарија.
Пред присутните се обратија претседателката на Советот на Општината и директорот на Центарот за развој на СИПР – Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст