Голманот Столе Димитриевски на прием во Општина Куманово
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски заедно со секретарот Александар Гелевски и раководителот на Секторот за образование, Александар Јовановиќ остварија пријателска средба со “гордоста на градот”, истакнатиот репрезентативен фудбалски голман, Столе Димитриевски. Кариерата ја започнува во родниот град, во клубот на “Куманово Еуроспорт”, а интернационалната кариера ја гради во повеќе европски клубови.
Во моментот е член на фудбалската екипа на Валенсија, во Шпанија.
Репрезентативниот дрес го носи од 2015 година, забележувајќи околу 70 настапи.
Особено се истакнува на фудбалското ЕУРО 2020 година, со своите маестрални одбрани.