Градоначалникот на општина Куманово оствари средба со амбасадорот на Руската федерација во РСМ
Денеска градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски оствари протоколарна средба со амбасадорот на Руската федерација Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин. На средбата разговаравме на повеќе актуелни теми, со акцент на изучување на рускиот јазик во општинските основни и средни училишта.