Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Jавен повик за aдаптација на ООУ „Јероним Де Рада“ с. Черкези, Општина Куманово со обезбедена донација од Европската комисија

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Јавен повик

 Република Македонија

 Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

 ИПА инвестициски грантови

MSIP-IPA-NCB-049-18

 

  1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена електронски на 06 Јануари, 2010 година.

 

  1. Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Адаптација на ООУ „Јероним Де Рада“ с. Черкези, Општина Куманово

 

  1. Општина Куманово ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Адаптација на ООУ „Јероним Де Рада“ с. Черкези, Општина Куманово

 

  1. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
  2. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00:

Адреса: Општина Куманово ул. 11-ти Октомври бб

Град: Куманово

Поштенски број: 1300

Држава: Република Македонија

Телефон: 031 414 375

Факс: 031 438 615

Електронска адреса: javni-nabavki@kumanovo.gov.mk

  1. Комплетна Тендерска документација на македонски јазик може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 2.000,00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:

 

  1. a) За плаќање во денари:

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 741014052563018

Приходно конто: 724125

 

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Куманово.

 

  1. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 30.04.2018. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 30.04.2018

 

  1. Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од 80.000,00 МКД
  2. Адреса: 11-ти Октомври бр.Град: Куманово   Поштенски број: 1300 Архива

    Држава: Република Македонија

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст