Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Бобан – bpetk@yandex.com

Почитувана,
Во врска со Бесплатниот автобуски превоз, неколку прашања.

1. Линија број 1 Бедиње-Проевце. Како може последен автобус за Проевце да биде во 15 часот?Дали некој сака овие луѓе да се иселат оттаму?
2. Линија 5 Сте пишале с. Карпош-Железнича Станица. Карпош не е село ни по лични документи, ни по Катастар, туку е составен дел на град Куманово. Зарем вие како Советници тоа не го знаевте?
3. Претпоследни термини за тргнување во 19:30, a последни во
22:00. Зарем не мислите дека, освен на линија 8, која има поаѓања во 20:00 и 21:00 за Тромеѓа, и другите населби имаат потреба од тргнувања во овој период (работни времиња на бутици, месарници и слично).
4. Нема превоз во недела. Вработените медицински сестри, шпедитери, работниците на бензински пумпи, работниците во службите за оддржување и останатите кои работат во недели и празници дали не заслужуваат превоз?

Се надевам овие прашања ќе ги поставите на следната Седница на совет.

Поздрав и секое добро!

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст