Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Новогодишна честитка на Градоначалникот Димитриевски


Почитувани сограѓани, драги кумановчани и кумановчанки,

Ја испраќаме 2023 година, година на големи предизвици, тешка социо-економска криза, политичка нестабилност. Успеавме заедно да реализираме голем број на проекти за Вас, за нас, за наше Куманово. Влегуваме во 2024 година со нови цели да го разубавиме нашиот град и да направиме поубаво место за живеење за сите.

Продолжуваме со имплементација на нови проекти. Нашата цел се младите луѓе во градот, но секако не ги оставаме ни постарите генерации. Здружено, заедно ќе работиме на имплементација на проекти кои што ќе го трансформираат Куманово во еден европски град со вистински лик.

Ви посакувам многу здравје, среќа и успеси во секој дом. Семејството е столбот на нашето општество. Така обединети, од дваесет и четврта и понатаму да правиме нови победи и резултати за нашиот град и за наша Македонија.

Среќни празници на сите!

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст